Доаѓа екстремно лето: Објавена е долгорочна временска прогноза
Во текот на летните месеци, во делови од Западна и Централна Европа се очекуваат долги периоди на висока топлина. Највисоките температури на воздухот во тие периоди ќе надминат 32 степени во Тулуз и Лион, Милано и Фиренца, и Франкфурт и Берлин. Слична е ситуацијата, иако малку поблага, и во областа на Истра.
Најекстремната топлина ќе доведе до зголемување на температурите до 38 Целзиусови степени во јужниот дел на Франција и во северниот дел на Италија.
– Постои загриженост од појава на долготраен топлински бран подоцна во текот на летото, во август, кој би можел да биде многу опасен за постарата и помладата популација – изјави метеорологот на AccuWeather Alan Repert.
"Ќе има долгорочна опасност од лош квалитет на воздухот што особено ќе влијае на постарите лица и на оние со лоши здравствени состојби", рече метеорологот Tyler Roys.
Како резултат на големи жештини во овие области се очекува суша, што може да резултира со појава на големи шумски пожари. И покрај тоа што се очекува подпросечна стапка на врнежи, оваа област е загрозена и од повремени силни грмотевици и бури.
Катастрофални и опасни бури во Полска, Чешка и Белорусија
Додека делови од централна и западна Европа ќе бидат погодени само од локални силни бури, Источна Европа ја чекаат серија опасни грмотевици и бури во текот на целото лето.
Комбинацијата на над натпросечно високи температури и влажен воздух кој ќе пристигне од Медитеранот ќе доведе до создавање на силни грмотевици и невреме во областа од источна Полска и Чешка па сѐ до Белорусија.
"Најмногу бура ќе има во попладневните и вечерните часови", вели Roys.
Најголем ризик од опасни бури се заканува на Прага, Вроцлав, Варшава и Минск. Овие бури ќе бидат проследени со урагански ветрови и поплави, што може да доведе до големи нарушувања во сообраќајот. Најсилните бури може да доведат до создавање на торнада.
Други области на кои, исто така, им се закануваат катастрофални бури се Минхен и Дрезден, Виена и Вилниус.
Честите грмотевици, бури и опасност од поплави во јужниот дел на Хрватска и Италија
Поголем дел од Европа може да очекува посуво лето од просекот, но јужните делови на Италија и на Балканот ќе бидат погодени од честите бури проследени со грмотевици. Крајниот југ на Босна и Херцеговина и Хрватска се вклучени во таа област.
Со можноста за чести бури и грмотевици, најголема опасност сепак ќе бидат поплавите. Областите како што се Рим, Неапол, Тирана и Софија ќе бидат погодени од големи непогоди кои можат да предизвикаат и по животот опасни поплави, предупредува AccuWeather.
Во овие области се очекуваат долги периоди на поројни дождови. Може да траат и со денови.
Топло, суво лето од Велика Британија до Белгија и Холандија
Долги периоди на топло и сушно време ќе го одбележат летото во Велика Британија, во северозападниот дел на Франција, Белгија и Холандија.
Бранови на топлина би можеле да ја погодат јужната Франција и северот од Италија. Иако овие топли периоди ќе траат подолго време, нема да има опасност од пожари или пеколни и температурни рекорди.
"Ова лето ќе биде едно од трите најжешки во последните 10 години во оваа област", рече метеорологот Roys.
Суша од Украина до Хрватска
Сушата ќе биде голем проблем ова лето за областите од Украина па се' до Хрватска и северниот дел на Балканот. По дождливиот март следеше сушен април, а таквото време ќе продолжи и во текот на поголемиот дел од летото.
– А сериозната суша по студениот февруари и почетокот на март може да доведе до големи штети на земјоделското земјиште – предупредува AccuWeather.
Во некои делови од Балканот и Украина, може да има недостаток на вода за пиење. AccuWeather забележува дека бранови на топлина се очекуваат и во оваа област, иако тие нема да бидат изразени како минатото лето.
"Нормално" лето во Шпанија и Португалија
Иако во областа на Шпанија и Португалија ќе биде топло време, ова лето ќе биде "понормална" отколку во претходните години, кога регионот бил уништен со екстремни горештини.
Се очекуваат натпросечна количина на врнежи, што би требало да спречи појава на големи пожари на кои сме сведоци во последниве години.
Затоа, AccuWeather за областа на Македонија предвидува чести бури и грмотевици, но најголема опасност сепак ќе бидат поплавите кои можат да бидат опасни по животот.
извор: kukuriku.com.mk
Ново на Сител
-
Обвинение за убиството кај „Мавровка“, го убил од користољубие, пукал и кон полицијата во обид да избега
-
Ванделт: Не ни е познато дека некој од германските инвеститори планира кратење на работни места
-
Азески: Да одиграме многу внимателно во 2025 година за да немаме тешки последици
-
Агелер без коментар за чекорите на Обвинителството по американското јавно назначување на функционери за корупција
-
Груби за Косово заминал со дипломатско возило непосредно пред полициската акција
-
На Самитот ЕУ-Западен Балкан нема да се разговара за уставните измени, посочуваат извори од Европскиот совет
-
Макрон му постави рок на новиот премиер Бајру да формира влада
-
Ѓорѓиевски: Се гледам како иден градоначалник на Скопје и за кратко време би го решил хаосот во градот