-->
-->
Доаѓа бран од Африка и рано – летни температури на воздухот до 25 °C
-->
До крајот на денешниот ден времето во нашата држава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди но има услови и за слаб локален дожд, ќе дува умерен ветер од северен правец кој на некои места повремено ќе биде и засилен, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачат во интервалот од 10 до 18 степени додека во најтоплите региони истите се очекува да се искачат до околу 21 степен, малку посвежо ќе биде утре со максимални дневни температури кој ќе се движат во интервалот од 10 до 18 степени додека на повисоките и планинските места истите ќе бидат пониски, времето ќе биде претежно стабилно и суво иако локално само има услови за сосема сллаб и краткотраен дожд.Во текот на следната недела под влијание на бран од Африка максималните дневни температури повторно ќе бележат тенденција на позначителен пораст и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени додека во најтоплите региони максималните температури се очекува да се искачат до околу 25 степени, ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец кој повремено на некои места ќе засилува во интензитет.
Поради јужното и југозападното воздушно струење од Сахара кон нашата држава се очекува минимален транспорт на прашина и на песок, исто така и во и понатаму ќе продолжи претежно стабилното, суво и сончево време иако повремено ќе има појава на умерена облачност.
Подготви: Славчо Попоски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
-

Безбеден град се воведува и во Дебар
-

Општина Струга подготвува Градска плажа
