До сабота температури и над 40 степени
Во наредните денови ќе биде уште потопло со натпросечни температури на воздухот поради изразено југозападно воздушно струење и прилив на многу топла воздушна маса.
Како што соопшти УХМР, од утре до сабота долж Повардарието максималната температура ќе надмине 40 степени. Утре ќе дува засилен југозападен ветер.
Лекарите препорачуваат во овој период со натпросечно високи температури да се носи лесна и светла облека и да се конзумираат доволно течности. Се апелира хронично болните и бремените жени да не излегуваат во периодот од 11 до 17 часот доколку немаат потреба.
Со цел да се сречи труење со храна која е честа појава во летниот период, од Агенцијата за храна и ветеринарство порачуваат граѓаните при купување да водат сметка за изгледот и рокот на употреба на производот, да купуваат храна од проверени места, а лесно расипливите продукти да се купуваат исклучиво од објекти каде што се чуваат во разладни уреди.
Препорака е да се избегнува и храна со оштетена амбалажа, ладните или замрзнатите производи да се купуваат на крајот од пазарењето, а месото, млекото и јајцата да не се чуваат долго време во автомобилите.
Топлото време ќе се задржи до недела попладне кога според Управата за хидрометеролошки работи поради брз продор на влажна и посвежа воздушна маса од север, се очекува да има врнежи од дожд, појава на грмежи и засилен северен ветер. Тогаш ќе има и значително опаѓање на температурата. В недела позначителен пад на температурата ќе има во западните и северните делови, а в понеделник насекаде ќе биде посвежо, а максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 31 степен. Потоа температурата ќе биде во постепен пораст.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа