Македонија
13. July 2023 - 16:43

До Нова година ќе се знае кој ќе продолжи да го гради штипскиот Клинички

До Нова година преку јавен повик треба да биде избрана фирма која ќе продолжи да ја гради штипската клиничка болница откако Mинистерството за здравство го раскина договорот со претходниот изведувач поради не почитување на роковите.

Што досега е сработено на овој здравствен објект треба да се знае за месец и половина до кога треба да бидат готови анализите. И додека за Клиничката во Штип има нови рокови, Фатмир Меџити не сака да кажува датуми кога ќе се удри камен темелник на Новиот Клинички во Скопје кој е во најава 15-тина години. И тој ќе бара предлози и мислења од опозицијата и стручната јавност.

- Станува збор за капитален проект за целата држава, поголем и од коридорите 8 и 10 Д и нема да кажам дека ќе го изградиме сега, ќе утриме камен темелник до Нова година, сепак треба да се слушнат сите страни, секако и опозицијата без тоа не правиме ништо, изјави Фатмир Меџити, министер за здравство.

Во меѓувреме, преку постапка за арбитража од државата се бараат најмалку 18 милиони евра поради раскинување на договорот со италијанската компанија која требаше да гради Клинички на сегашната локација.