-->
-->
До на пролет можен референдум за воведување претседателски систем во Турција
-->
Доколку турскиот Парламент набрзо донесе соодветна одлука, можно е веќе до следната пролет во Турција да се организира референдум за воведување претседателски систем на владеење, изјава турскиот министер за правда Бекир Боздаг.
Според турската телевизија „Канал 24“, Боздаг денеска изјави дека владиниот предлог за претседателски систем ќе го задржи Парламентот во неговата сегашна форма и ќе ја заштити единствената структура на Турција.
Претходно неделава турската Влада соопшти дека ќе ги обнови напорите за промена на Уставот и проширување на претседателските надлежности, што се дамнешни амбиции на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пуштено во употреба реконструирано одделение на Урологија
-
Вработените во Флораком и Луна на протест поради неисплатени плати
-
За собирањето потписи не независните кандидати ќе разговараат експерти во Министерството за Правда
-
Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионерите не се виновни за поскапувањата
-
Разрешената директорка од Демир Хисар денеска на информативен разговор во полиција
-
Колабирања и сончаници поради топлото време
-
Руралната инфраструктура на истокот во катастрофална состојба
-
Преглед на вестите од светот