До крајот на месецов ЕК ќе деблокира една милијарда евра за Анкара
До крајот на месецов Европската комисија ќе деблокира една милијарда евра помош од Механизамот на ЕУ за бегалците во Турција, изјави Оливие Ониди, заменик-директор на европската Генерална дирекција за миграција и внатрешни работи.
Претставникот на Еврокомисијата истакна дека овие една милијарда евра се пари од општоевропскиот буџет, додавајќи дека има сериозен проблем со собирањето на останатите две милијарди евра кои треба да и ги дадат земјите членки на Турција согласно Договорот за запирање на мигрантскиот прилив.
Како што нагласи Ониди, во моментов има дебата меѓу евроинституциите за реформите во законодавството на Унијата по прашањето за миграција.
Според него, целта на реформите е системот да биде поефикасен, вклучувајќи ја и борбата против шверцерите на луѓе.
Од клучно значење е Даблинската регулатива, каде јасно треба да биде ставен принципот, дека државата членка во која пристига мигрант, е одговорна за него и за разгледувањето на неговото барање за меѓународна заштита, посочи Ониди.
Според претставникот на ЕК, работата со трета земја е од големо значење, особено за т.н. држави на трнзит.
По тоа прашање тој смета дека договорот за миграција меѓу ЕУ и Турција е од клучно значење.
- Негова цел е да се запре протокот на мигранти, кои нелегално пристигнуваат во ЕУ, особено преко Егејското Море, како и ефективно да се реши проблемот со легалното влегување на мигранти во ЕУ по шемата „еден за еден“, односно враќање во Турција на нелегален мигрант од грчките острови во замена за веќе регистриран мигрант од турските кампови, забележа Ониди.
Над 3,7 милиони мигранти се влезени на територијата на Турција и се наоѓаат во нејзините бегалски кампови.
Ново на Сител
-
Работна група од влада ќе ги „чешла“ деталите од бугарскиот предлог за железничкиот тунел
-
Тема на денот со д-р Злате Мехмедовиќ, комисија за заразни болести
-
Масовна партизација или популизам: Меџити најави илјадници вработувања на Албанци во администрацијата
-
Вработувања на 300 приватни специјализанти во април – ново ветување на Таравари
-
Камери од домот на Манев ја открија поврзаноста на обвинетите за убиствата на Вања и Панче
-
Возила опремени со паметни камери ќе регистраат сообраќајни прекршоци како дел од „Безбеден град“
-
ДКСК: Член на комисија на АЕК не ги исполнувал условите, но лицето било именувано на функцијата од Собранието
-
Венко Филипче е единствениот кандидат за лидер на СДСМ на внатрепартиските избори