До крајот на март Грција ќе добие над еден милион дози од вакцината на „Фајзер“
Само од една компанија, од Фајзер/БионТек, до крајот на март ќе добиеме 1.265.550 дози на вакцината, соопшти генералниот секретар од Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус на денешната прес конференција за планот за вакцинирање на населението, јави дописничката на МИА од Атина.
Првата пратка за Грција ќе биде само 9.750 дозија и ќе пристигне во сабота, а првата голема пратка на Фајзер – 83.850 дози, според Темистоклеус планирано е да стигне до 30 декември.
– Соодветно со бројот на жителите и врз основа на централниот европски договор до крајот на јануари ќе ни бидат доставени 429.000 дози и 333.450 дози до крајот на февруари. До крајот на март, ќе имаме добиено, само од една компанија, од Фајзер/БионТек 1.265.550 дози. На овие дози, во јануари, се очекува да се додадат, откако ќе бидат одобрени и вакцините од Модерна и АстраЗенека, објасни генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција.
Вакцинацијата во Грција, односно т.н. „операција Слобода“ ќе започне во недела, веднаш по пристигнувањето на вакцините.
– На 26 декември, во ист ден со останатите земји од Европската Унија ќе ја добиеме првата мала пратка вакцини од компанијата Фајзер/ БионТек, одно 9.750 дози. Следниот ден, на 27 декември, ќе бидат првите вакцинирања во болниците во Атика. Следниот ден, на 28ми ќе биде доставена вакцината во болниците во Лариса, Јанина, Патра и Солун за да започне вакцинацијата на медицинскиот персонал во овие болници на 29 декември, рече Темистоклеус.
Претседателката на националниот комитет за вакцинација Мариа Теодориду на денешната прес конференција објасни дека првата група што ќе се вакцинира ќе бидат здравствените работници, потоа ќе следат згрижените во домовите за стари лица и оние кои се хронично болни, а по нив и оние над 85 годишна возраст.
Министерството за дигитална политика на Грција веќе подготви платформа за закажување термин за вакцинирање, која се очекува за општото население да се отвори во вторите десет дена од јануари, според генералниот секретар од Министерството за здравство на Грција.
Грција веќе обезбеди пет простори за складирање на вакцината кои се опремени со специјалните фрижидери, а за безбедноста и чувањето задолжено ќе биде Министерството за цивилна заштита, во чии рамки е грчката полиција.
Во изминатите 24-часа во Грција се регистрирани 526 нови случаи, а починаа уште 85 лица со што бројот на заразени се зголеми на 131.597 лица, а од почетокот на епидемијата починаа 4.527 лица.
Ново на Сител
-
Клековски: За само една година направиме две промени во позитивната листа , го зголемивме и бројот на ин витро постапки од 3 на 6
-
Мајор уапсен за шпионажа: Наводно доставувал информации на Русија за украинските борбени авиони
-
Над 100 луѓе се убиени во израелски напади во Појасот Газа за еден ден, соопштија здравствените власти во енклавата
-
Сиљановска-Давкова до Бирн: Ирска да продолжи да се залага за кредибилен процес на пристапување базиран на заслуги
-
Жители на Русиново остануваат на терен по синоќешниот пожар кај месноста Св Марко кој е локализиран
-
Министерот Тошковски присуствуваше на отпочнување на процесот за полагање на испит за ракување со оружје
-
Илјадници обожаватели се простија од Ози Озборн
-
Трамп воведува 25 отсто царина на индиска стока, критикувајќи ги врските со Русија