-->
-->
До крајот на јануари шпанскиот Парламент ќе го ратификува Протоколот за НАТО
-->
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека од неговиот шпански колега Педро Санчез добил уверување оти Парламентот на Шпанија до крајот на јануари ќе го ратификува Протоколот за членство на земјава во НАТО.
Заев нагласи дека Санчез го информирал оти на почетокот на јануари ќе формира Влада, по што неговиот владин Кабинет до Парламентот ќе го достави предлогот за ратификација на Протоколот и тој ќе го ратификува документот до крајот на месецот.
– Нема ништо спорно, нема никаков дел кој е суштествен. Се работи само за технички аспект на ратификацијата, изјави Заев на дебатата „Патот до членството во НАТО: Од изолирана до интегрирана земја“ на Филозофскиот факултет во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости