До крајот на годината ќе почне изградбата на „Конска брана“ во Гевгелија

Градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов денеска се сретна со заменик-директорот за енергетика на турската компанија „Адалихолдинг“ Ебубекир Туран, која беше избрана на тендер како изведувач на „Конска брана“.
Туран истакан дека компанијата е подготвена за почеток на работите и оти се чека одобрение за градба.
- На почетокот на декември целиот урбанистички проект ќе го претставиме во Гевгелија и веднаш ќе започнеме со изградбата на овој долгоочекуван капитален објект кој многу ќе ја промени економската, социјалната и туристичката слика на општина Гевгелија, рече Туран.
Тој го покани Франгов да биде гостин компанијата во Анталија, каде што ќе може да посети веќе изградена брана од „Адалхолдинг“ и да види какви бенефити има подрачјето каде што таа е изградена.
Франгов ја прифати поканата и изрази задоволство од денешната заедничка средба.
Тој посака изградбата на „Конска брана“ да почне што поскоро и во таа насока понуди секаква човечка и логистичка подршка на тимот од „Адалхолдинг“ кој во наредниот период ќе работи на реализацијата на најкапиталниот проект во општина Гевгелија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
-

Зголемена фреквенција но не и застој
-

Велики петок, најтешкиот ден во христијанството
-

Историски исчекор за МПЦ во Италија
-

Утре САД и Иран на преговори во Пакистан
-

Унгарија пред политички крстопат – сè е подготвено за изборите в недела
