До крајот на август пријавување за испит за овластен стечаен управник

До 31 август заинтересираните кандидати можат да се пријавуваат за полагање на испит за овластен стечаен управник што го распиша Министерството за економија, а е услов за добивање лиценца за вршење на работите на стечаен управник, како лице овластено во стечајната постапка да ја води реорганизацијата или ликвидацијата на должникот.
Од Министерството за економија информираат дека кандидатите кои ќе се пријават на огласот за полагање на испит за овластен стечаен управник, покрај државјанство и живеалиште во Република Македонија, треба да имаат завршено високо образование од соодветната област, да имаат најмалку тригодишно работно искуство по дипломирањето во областа на правото, економијата или бизнис администрацијата и пет години работно искуство по дипломирањето во областа на трговските дејности.
Кандидатите, исто така, треба да поседуваат потврда за редовно посетување обука издадена од Комората на стечајни управници и со правосилна одлука да не им е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната.
Потребните документи кои треба да ги достават кандидатите за полагање на испит за овластен стечаен управник се дадени во објавениот оглас на веб страната на Министерството за економија, а термините за полагање на испитот за прв (теоретски) дел и втор дел (практичен пример) Министерството за економија дополнително ќе ги закаже, по завршување на рокот на пријавување за испитот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Стојановска Иванова, универзитетски професор
-

„Ниту една повеќе“ – Протест во Скопје по убиството на 17-годишната Билјана Кириќ
-

11 пријави за семејно насилство за 24 часа – Над 1.400 жртви за девет месеци
-

Филков: Брисел го препозна напредокот во правосудството
-

Партиски обвинувања за работењето на Алта банка
-

Петте случаи на морбили се аларм за колективниот имунитет
-

УГД ги отвора вратите за европските студенти преку Еразмус
-

Струмички „Комуналец“ се модернизира, за три месеци обезбедена механизација вредна 20 милиони денари
