До 31 јули Грција ја продолжи забраната за авионско, железничко и копнено поврзување со Македонија
Грција го продолжи до 31 јули 2020 година привременото ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со Македонија, како и забраната за влез на грчка територија на лица од Македонија.
Ограничувањата се „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија за временскиот период од 16 јули 2020 година до 31 јули 2020 година”.
Одлуката потпишана од министрите за здравство, за транспорт и инфраструктура и за поморство, а се однесува на Македонија, на Албанија и на Турција, вчера беше објавена во Службен весник на Грција, а денеска стапува во сила.
Забраната не се однесува на: грчки државјани, на лица кои имаат дозвола за престој и лица кои живеат во Грција, како и за транспорт на стоки, за влез на лица за апсолутно неопходни професионални причини, но и за транзит на болнички возила кои од Косово преку Македонија влегуваат во Грција за хоспитализирање на пациенти кои припаѓаат на дипломатскиот, воениот или административниот персонал на земјите членки на ЕУ и EULEX на Косово.
Ново на Сител
-
Без струја делови од Скопје и приградски населби
-
Мерц: Европа ќе ги заостри санкциите кон Русија
-
Песков: Рок за меморандум за примирје е невозможен
-
Министри на ЕУ ќе разговараат за војната во Украина, Блискиот Исток и одбранбените капацитети
-
Членките на СЗО гласаа за глобален договор за подобрување на подготвеноста за пандемии
-
Надзорна расправа за аерозагадувањето на собраниската Комисија за здравство
-
Седница на Уставен суд
-
Поништен изборот на уставната судијка Дуковска, одложена седницата за Законот за јазиците