Македонија
30. September 2018 - 14:09

До 13 часот во Струмица гласале 17,1 проценти од запишаните гласачи

До 13 часот во општина Струмица на гласање излегле 8.393 избирачи, односно 17,1 отсто од вкупно запишаните 49.086 избирачи.

Во Радовиш гласале 11,7 отсто од запишаните 24.215 избирачи. Во Василево излезеноста до 13 часот е 9,7 отсто од 10.438 избирачи, а во Босилово седум отсто од 12.208.

Во Ново Село на референдумското изјаснување своето право на глас го оствариле 6,9 отсто од 11.267 запишани избирачи во единствениот избирачки список, а во Конче излезеноста е 9,4 отсто од запишани 2.755 избирачи.

Според претседателите на општинските изборни комисии од овој регион гласањето се одвива без проблеми.