До 120 повици дневно во ИМП, граѓаните се жалат на срцеви тегоби, главоболки, притисок, поспаност

Од 100 до 120 повици дневно има во Службата за Итна медицинска помош во Скопје. Граѓаните кои не се чувствуваат добро поради топлото време имаат кардиоваскуларни промени, главоболки, притисок, вртоглавица, малаксаност, поспаност… Тоа се најчестите симптоми, изјави за МИА раководителот на Службата за Итна медицинска помош, Милица Бубало.
Таа посочи дека во однос на претходниот период нема зголемување на бројот на повици во ИМП, што најверојатно се должи на тоа што најголем дел од граѓаните се на годишен одмор надвор од градов.
– Граѓаните, а особено постарите лица и бремените жени треба да избегнуваат подолг престој на отворено во периодот од 10 до 17 часот. Хронично болните навреме треба да ја земаат терапијата, а бебињата не треба да се изложуваат на високи температури. Тоа не значи дека не треба да внимаваат и младите. Треба да се носи лесна облека, да се внимаат на исхраната која треба да биде свежо подготвена и да се пијат повеќе течности, додаде д-р Бубало.
Ново на Сител
-

Мерц најави крај на рецесијата: Германската економија влегува во фаза на засилен раст
-

Двајца од осомничените за планираното палење фабрика за дронови во Словачка се Летонци, а третиот е Украинец
-

„Денови на Света Мајка Тереза“ по повод 10 години од нејзината канонизација
-

Во село Гари отворена спомен соба на копаничарот Петре Филиповски - Гарка | ФОТО
-

Не мислам дека врховниот лидер на Иран е мртов, туку дека е тешко ранет, вели Трамп
-

Над 90 илјади невработени, повеќе од 100 илјади работат на црно - Нoви податоци на ДЗC
-

Над 20 пожари на отворено, Китка сè уште гори – Ангелов оптимист за ставање под контрола
-

Прв случај на западнонилска треска оваа година е регистриран во Бугарија
