До 11 часот на внатрепартиските избори во СДСМ гласале 12%
Гласањето на денешните вонредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ се одвива непречено и без застој. Сите 194 гласачки места во 80 општини се отворени навремено, во 8 часот изутринава, а избирачките места ќе бидат отворени до 19 часот, информираше на прес-конференција претседателката на партиската Централна Изборна Комисија, Викторија Мадиќ.
Таа додаде дека за три часа од отворањето на сите избирачки места излезноста е 12 отсто.
-СДСМ постави нови највиски стандарди на македонската политичка сцена. Денеска се одржуваат вонредните внатртепартиски избори за претседател на СДСМ. Гласањето на сите гласачки места се одвива непречено, без застој, во демократска атмосфера и со почитување на мерките за заштита од Ковид-19, истакна Мадиќ.
Како што посочи, членовите кои не успеале да се регистрираат за време на превдиениот рок, денеска се регистриаат на гласачките места, по што можат да го остварат своето право на глас. Мадиќ појасни дека сите членови на СДСМ со електронска членска картичка имаат право на глас.
-Гласачките места ќе бидат отворени до 19 часот, до кога и трае гласањето. По затворањето на гласачките места и по обработка на пристигнатите податоци вечерва ќе се обратиме повторно до јавноста со сумарни информации, по што ќе ги соопштиме и резултатите од вонредните внатрепартиски избори, рече Мадиќ.
Ново на Сител
-
Претставници на студентите од УКИМ бараат од МОН да се преразгледа бројот на стипендии за студентите
-
Временските услови оптимални за есенска сеидба
-
Комити Запад: Актуелното раководство во целост е неспосбно да води клуб како Вардар
-
МНР му го одзеде дипломатскиот пасош на претседателот на ФФМ Муамед Сејдини
-
ДЗР: Има неправилности во спроведувањето на пописот на залихите и управувањето со Клиниката за радиотерапија и онкологија
-
Без вода делови од улицата „Иван Цанкар“ и трета зона Припор
-
СДСМ: Бојан Христовски е личен избор на Мицкоски - партизацијата на АНБ ја потврди и Таравари
-
ВМРО-ДПМНЕ: Со СДС, АНБ стана партиски штаб, партијата послабо да пие од апчињата за заборавање