Македонија
21. April 2019 - 12:58

До 10 часот во Делчево гласале 9,4 проценти од евидентираните лица со право на глас

До 10 часот, 9,4 проценти од регистрираните гласачи кои се регистрирани во избирачкиот список го оствариле своето право на глас на 36 избирачки места во Делчево.

-Гласањето почна навреме и се одвива без проблеми. На територијата на општина Делчево на 36 избирачки места заклучно со 10 часот гласале 1481 од 14.673 гласачи, истакна претседателот на ОИК Делчево, Владимир Петровски.

На вчерашното гласање додаде Петровски, од 192 пријавени болни и изнемоштени лица гласале 180 лица, додека 12 не биле пронајдени во сопствените домови.

Во Македонска Каменица до 10 часот во рамки на денешниот изборен ден од 6.619 евидентирани гласачи своето право на глас го оствариле 8,4 проценти од гласачите.

-Гласањето започна навреме во сите избирачки места. Досега немаме никакви проблеми, а до 10 часот, 553 гласачи или 8,4 проценти го оствариле своето право на глас, соопшти Сања Митревска, претседател на ОИК од Македонска Каменица.

Таа додаде дека во Македонска Каменица вчера гласале вкупно 24 болни и немоќни лица.