До 10 часот утрово над 10.000 македонски државјани на продолжен викенд во Грција
Околу еден час се чека утрово на граничниот премин Богородица за излез од Македонија кон Грција. Патниците претежно од Македонија чекаат пола саат за пасошка контрола на македонската страна од преминот, а уште толку и на грчка страна. Според македонските погранични служби, уште од вчера попладне почнала навалица од патници кон Грција, а денеска до 10 часот државата ја напуштиле околу 10 илјади македонски државјани.
„Уште во 3 часот ставени се во функција сите пет излезни ленти и задржувања на пасошка контрола нема. Патниците поради големата гужва чекаат околу половина час. Според нашата евиденција, од вчера попладне границата ја поминале околу 12 илјади патници од кои најмногу македонски државјани или приближно 10 илјади. Ваква ситуација очекуваме и во недела попладне“, ни изјави Миле Тошев командир на полицијата на Граничниот премин Богородица.
Македонските граѓани како дестинација ги избрале најчесто хотелите и апартманите на првиот крак Касандра на Халкидики, каде ќе престојуваат до недела.
За разлика од Богородица, нема гужва на граничниот премин Дојран.
Извор:сдк.мк
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива