Дневните температури од вторник ќе опаднат за неколку степени

Дневните температури од вторник ќе опаднат за неколку степени, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
До понеделник, како што соопштуваат, ќе се задржи многу топло и насекаде ќе биде активно жолтото ниво за опасност од висока температура. Во понеделник кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а преку ноќта и во вторник ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.
Од вторник дневните температури ќе изнесуваат до 34 степени, односно 32 степени.
Како што најави претходно УХМР, попладне, собено во јужните делови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи проследени со засилен ветер. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени. Во Скопје, исто така сончево и многу топло со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотрајна нестабилност во делови од регионот.
Ново на Сител
-

Македонската амбасада во Швајцарија отвори телефонска линија за трагичната несреќа во Кран - Монтана
-

Македонец исчезнат во пожарот во Швајцарија - семејството бара помош за пронаоѓање
-

Ново линеарно зголемување со мартовската пензија
-

До 5 јануари пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Ѓорѓиевски: Набргу ќе биде избран и објавен најдобро украсениот дом во Скопје
-

Обвинителство: Извршен увид на местото каде е убиен еден турски државјанин, а еден повреден
-

Пожар на Скопска Црна Гора
-

Утре променливо облачно со сончеви периоди
