Дневните статистики укажуваат дека Ковид-19 е присутен, рано е за целосно укинување на мерките
Состојбата со дневните статистики на новозаболени укажува на тоа дека вирусот постои и ја чека најмалата можност да се развие. Затоа се уште е рано за целосно олеснување на мерките, сметаат надлежните. Засега, укинато е носењето на маски за учениците во основните училишта и не се бара сертификат за вакцинација или прележаност во отворените делови на угостителските објекти.
– Секој ден имаме по 300 новозаразени, а тоа значи дека вирусот сè уште постои и ја чека најмалата можност да се развива, а потоа при почеток на развивање ни одзема недела до две да може да стопираме нешто, изјави вчера министерот за здравство Беким Сали.
Последната препорака од Комисијата за заразни болести е да се укине носењето маски и за средношколците и повторно да се организираат училишни екскурзии во основните и средните училишта, но овие препораки треба да поминат на Главниот кризен штаб и потоа да бидат усвоени на владина седница.
Овој предлог на Комисијата доаѓа откако Владата неделава прифати укинување на маските за учениците од основните училишта, настава со физичко присуство на факултетите, но со задолжително носење заштитна маска и максималната исполнетост на капацитетот на отворен и затворен простор од досегашниот до 75 проценти, како и укинување на обврската за задолжително поседување сертификат за вакцинација или прележаност во отворениот дел на угостителските објекти.
Од друга страна, со караванот за вакцинација се очекува да се зголеми одѕивот за вакцинација.
– Сè уште не е завршен караванот за да кажеме колку проценти е зголемен одѕивот, меѓутоа минимално е зголемен, изјави министерот за здравство.
Караванот започна на 21 март, а ќе заврши на 3 април. Се организира со цел да се промовира вакцината како безбеден начин на имунизација против КОВИД-19. Караванот денес ќе се спроведе во Домот на култура во Неготино од 12 до 16 часот.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во текот на вчерашниот ден регистрирани се 262 нови случаи со КОВИД-19 од кои 39 се реинфекции, еден починат и 326 оздравени пациенти.
Досега, во земјата направени се вкупно 1.962.489 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 305.979. Битката со вирусот ја изгубиле 9.221 лице, а бројот на оздравени пациенти е 294.988. Во земјава има 1.770 активни случаи.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Коцевски
-
На пазарот фалат над 10.000 работници, ССМ апелирира за зголемување на платите
-
Тутунарите не го предаваат тутунот
-
Годинава регистрирани 51 случај со ХИВ/СИДА – Невладините бараат поголем буџет за превенција и терапија
-
Раритетен археолошки наод - Ѕидана гробница од крајот на вториот век
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите