Дневник: Во Близнакот пукано поради рекет

Полицијата работи на расветлување на инцидентот во кој бил изрешетан Даниел Трајковски (45) од Ѓорче Петров, кој откако бил погоден со својот автомобил се превртел и удрил во бетонска жардиниера, завчера во скопската населба Kарпош. Според последните информации, неговиот живот бил во опасност, но по извршениот оперативен зафат е во стабилна состојба на респираторни апарати, пишува Дневник.
Од МВР нема информации за мотивите за нападот, ниту за напаѓачите, но, според неофицијални информации на весникот, бил нападнат од лица од кои изнудувал пари. Даниел е брат на Дејан, двајцата познати деликвенти со богато криминално досие и врски со подземјето. Близнаците последниве години се дел од обезбедувањето на раководството на СДСМ. Според официјалниот извештај на МВР, вчера неколку минути по полноќ од Ургентен центар Скопје во полицијата пријавиле дека кај нив било донесено повредено лицето Д.Т. (45) од Скопје. Тој завчера во 23.35 часот на крстосницата од булеварот Партизански одреди со улиците Бледски договор и Париска, управувајќи автомобил „фолксваген голф“, изгубил контрола врз возилото и удрил во бетонска жардиниера на средишниот дел од коловозот од булеварот. По ударот возилото се превртело, а Д.Т. во сообраќајната незгода не добил повреди, но кај него биле констатирани прострелни рани на стомакот, градниот кош и раката и е неконтактибилен. Според неофицијални информации, пак, на престрелката ~ претходела бркотница на автомобили. која почнала кај бензинската пумпа на „Макпетрол“ на булеварот Илинденска. Не е познато, но, според очевидци, „голфот“ го бркале две возила, од кои било пукано. Не е официјално дали Трајковски бил сам во возилото, или, како неофицијално се зборува, во него биле и неговиот брат Дејан и уште едно лице.
Ново на Сител
-

Тошковски: Безбеден град не е за парично да ги оштети граѓаните туку да спаси живот повеќе, зголемен прагот на толеранција за возачите
-

Лазаров: Со добар план подготвени да ги дочекаме дуелите
-

Казнетата новинарка Вејсели: Срамен преседан е да бидам казнета зашто го објавив името на судијата, во Тетово и Гостивар не е како во Скопје
-

Во куќа во Ѓорче Петров фрлени две запалени стаклени шишиња, повредени нема
-

Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд, на планините од снег
-

Мицкоски: Над 45 илјади ваучери за електронски уреди за студенти се подигнати, искористеноста околу 99 проценти
-

Мицкоски: Податоците за индустриското производство се потврда за напорната работа, уште подобри резултати во периодот што следи
-

Акциска контрола на СВР Тетово, одземени ножеви и боксирач од малолетници
