Македонија
16. November 2016 - 9:38

Дневник: Во Близнакот пукано поради рекет

Полицијата работи на расветлување на инцидентот во кој бил изрешетан Даниел Трајковски (45) од Ѓорче Петров, кој откако бил погоден со својот автомобил се превртел и удрил во бетонска жардиниера, завчера во скопската населба Kарпош. Според последните информации, неговиот живот бил во опасност, но по извршениот оперативен зафат е во стабилна состојба на респираторни апарати, пишува Дневник.

Од МВР нема информации за мотивите за нападот, ниту за напаѓачите, но, според неофицијални информации на весникот, бил нападнат од лица од кои изнудувал пари. Даниел е брат на Дејан, двајцата познати деликвенти со богато криминално досие и врски со подземјето. Близнаците последниве години се дел од обезбедувањето на раководството на СДСМ. Според официјалниот извештај на МВР, вчера неколку минути по полноќ од Ургентен центар Скопје во полицијата пријавиле дека кај нив било донесено повредено лицето Д.Т. (45) од Скопје. Тој завчера во 23.35 часот на крстосницата од булеварот Партизански одреди со улиците Бледски договор и Париска, управувајќи автомобил „фолксваген голф“, изгубил контрола врз возилото и удрил во бетонска жардиниера на средишниот дел од коловозот од булеварот. По ударот возилото се превртело, а Д.Т. во сообраќајната незгода не добил повреди, но кај него биле констатирани прострелни рани на стомакот, градниот кош и раката и е неконтактибилен. Според неофицијални информации, пак, на престрелката ~ претходела бркотница на автомобили. која почнала кај бензинската пумпа на „Макпетрол“ на булеварот Илинденска. Не е познато, но, според очевидци, „голфот“ го бркале две возила, од кои било пукано. Не е официјално дали Трајковски бил сам во возилото, или, како неофицијално се зборува, во него биле и неговиот брат Дејан и уште едно лице.