„Дневник“: Чија рака го држела ножот што ја усмрти доктор Јелка?
Не можеме да дојдеме при себе откако ја слушнавме веста за смртта на нашата сосетка. Доктор Јелка беше срце од човек, мирна и ненаметлива, секогаш срдечна и пријателски настроена кон целото маало. Низ шега ~ велевме дека им ги излечи бубрезите на цела улица. Ова ни го кажа станар од зградата на улицата Елисие Поповски-Марко во скопската населба Kапиштец, каде што живеела Јелка Масин-Спасовска (53), доктор во Kлиниката за нефрологија во Kлиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје и вонреден професор на Медицинскиот факултет, пишува ДНЕВНИК.
Спасовска била пронајдена мртва завчера вечерта во семејниот стан во зградата со број 10. Сопругот на Масин Спасовска, Гоце Спасовски, кој исто така е доктор на Kлиниката за нефрологија, околу 21 часот се вратил дома и ја пронашол сопругата како лежи облеана во крв, со расеченици по телото и убодна рана во вратот. Сопругот веднаш увидел дека не давала знаци на живот, и во шок повикал брза помош.
Според МВР, во 21 часот било пријавено во полиција дека во стан на улицата Елисие Поповски-Марко била пронајдена мртва Ј.М.С. (53), која имала повреди нанесени од нож, односно пресечени вени на рацете и убодна рана на вратот. Лекар од екипата на Итна медицинска помош констатирал смрт. По пријавата полицијата веднаш излегла на местото на настанот, а за случајот е известен јавен обвинител. По увидот телото на починатата докторка е предено на обдукција.
Според неофицијални информации, на разговор во полицијата бил повикан и нејзиниот сопруг, но тој не е осомничен за смртта на докторката. Телото на починатата било дадено за обдукција, која треба да утврди дали станува збор за убиство или за самоубиство.
Од клиниката за нефрологија каде што работела докторката велат дека во последниот период не забележале промена во нејзиното однесување.
На соседите на семејството Спасовски со кои вчера разговаравме, смртта на докторката беше единствена тема на разговор. Вторничната вечер се приближувала кон крајот. Дуќаните на приземјето завршиле со работа, а единствено маркетот бил отворен. И таму вработените се подготвувале да стават клуч на бравата кога пристигнало амбулантното возило, но не очекувале толку лоша вест.
– Не можевме да претпоставиме за што станува збор, бидејќи претходно ништо не слушнавме. Видовме дека Итната помош брза кон зградата, лекарите влегоа во влезот, а потоа на носила ја изнесоа докторката. Имаше крв насекаде, а во тие моменти пристигна и нејзината ќерка. Можете да замислите каков шок преживеа девојката, едвај ја смиривме – коментираат станарите.
Тие имаат пофални зборови за целото семејство. Велат дека и сопругот на починатата докторка бил човек со исклучително високи квалитети.
– Со сите се поздравуваше, секогаш „добро утро, добар ден, како сте“. А и ќерката на Јелка од нејзиниот прв брак е прекрасна млада жена, која наскоро требаше да влезе во брачните води. Сите изгледаа толку спокојно и среќно, навистина не можеме да сфатиме што се случило – се јадосуваат соседите на семејството Спасовски.
Ново на Сител
-
Каранфилова-Пановска: СДСМ мора да ја врати довербата кај граѓаните
-
Мицкоски не е импресиониран од кадровскиот избор на опозицијата
-
ОН: Секојдневно умираат 140 жени како последица на насилство од интимни партнери и членови на семејствата
-
Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие
-
Тешко повреден млад скопјанец кој излетал надвор од патот за Средно Водно
-
Брод со туристи кој тргнал на нуркање потонал во Египет
-
„Ни рече тука има закопано човек“, сведочи полицаец кој го спровел Велибор Манев
-
Обилни снежни врнежи во Турција: Затворени училишта и спасени стотици граѓани