ДКСК со јавна опомена за судир на интереси за Мустафа Мандал
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска изрече мерка јавна опомена за Мустафа Мандал, каде констатирале судир на интереси поради извршување на две функции.
Како што се наведува во соопштението, службеното лице, покрај функцијата директор на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија ја извршува и функцијата член на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
- Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, ДКСК во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откаже од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршува со што ќе ја спречи кумулацијата на функции, односно состојбата на судир на интереси во која се наоѓа, стои во соопштението.
Мустафа Мандал, како што се наведува, не постапил по барањето на Антикорупциска поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси ДКСК донела одлука на ова лице да му изрече мерка јавна опомена.
Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.
Ново на Сител
-
Нова анкета за довербата во правосудството?
-
Тема на денот со Жана Базби, бизнис психолог и психотерапевт (Лондон)
-
Битoлски хирург фатен како прима поткуп по направена операција на жолчка
-
Мицкоски најави ригорозни контроли во маркетите
-
Според СДСМ задолжени се следните три поколенија, премиерот очекува унгарскиот кредит да го раздвижи стопанството
-
За нова цена на парното Регулаторна ќе одлучува до крајот на неделава
-
Левица со предлог измени на закон
-
Девет амбасадори се враќаат дома – иницијатива за именување на 4 нови