ДКСК ќе постапува по службена должност, ако АНБ не преземе мерки за судирот на интереси

Најзначајната улога на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) е да има превентивна улога. Многу е добро што директорот на АНБ се обрати до нашата институција и побара мислење. Во мислењето ние кажавме дека вработување на блиски лица во иста институција е судир на интереси.
Ова е одговорот од претседателката на ДКСК Билјана Ивановска на новинарското прашање за мислењето испратено од ДКСК до Агенцијата за национална безбедност (АНБ) да се почитуваат одредбите во однос на судир на интереси и непотизам, а сепак во селекцијата на новите вработени има голем број кои имаат судир на интереси.
– Јас искрено се надевав дека тоа беше многу добар чекор за да се спречат вакви состојби какви што вие ги нарекувате, меѓутоа не се спречиле. Како тоа понатаму ќе се реши не знам, најверојатно ќе отвораме предмети по тие случаи и да бараме некаква разрешница иако најдобро е во самата институција да се бараат решенијата, изјави Ивановска по денешната работилница за изработка на Национална стратегија за спрелчување на корупцијата и судирот на интереси, на која присуствуваа речиси половината министри од Владата.
На прашањето дали ќе постапува ДКСК по сопствена иницијатива по овој случај, таа порача дека доколку самите не ги разрешат состојбите внатре, Антикорупциска по службена должност ќе постапува.
– Знаете како е, сите ние сме за борба против корупција, ама ретко кој сака да се бори, а уште помалку да биде допрен со таа борба. Тие состојби треба да бидат наше минато, потенцира претседателката на ДКСК.
Ново на Сител
-

Лишен од слобода гостиварец баран со потерница за казна затвор во траење од осум години
-

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
-

Охрид и Силекс ремизираа во првото полуфинале од Купот
-

Без вода утре делови од Центар и Чаир
-

Уапсен скопјанец, во возилото му се пронајдени скоро 30 грама кокаин
-

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши
-

Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица
