Македонија
26. February 2025 - 13:53

ДКСК: 86 казни за актуелни и поранешни министри, пратеници и именувани лица

Државната комисија за спречување на корупција во согласност со член 98 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси има обврска јавно да ги објави информациите за извршените контроли, спроведените постапки и глобите кои се изречени за сторените прекршоци.

Досега од донесувањето на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Службен весник на Репубилика Македонија бр.12/2019“) ДКСК ги нема јавно објавувано овие информации, а Комисијата најавува дека ова во иднина ќе биде редовна пракса.

Во прилог на ова соопштение за јавност доставуваме информации за  имињата на поранешни и актуелни носители на јавни функции кои се казнети со парична глоба за прекршување на одредбите од неведениот закон.  

Јавно објавените информации ќе бидат достапни во период од две години по нивното објавување, а истите содржат:
-    Сторител на прекршок;
-    Прекршок: опис на дејството кое претставува прекршоки и
-    Висината на изречена глоба.

Преку објавување на овие информации ДКСК има за цел да ја информира јавноста во насока на охрабрување на граѓаните, како и институциите да се придржуваат до правните норми. Очекуваме дека со исполнување на оваа законска обврскa ќе се зголеми довербата во процесите на надзор и контрола, но и ќе се зајакнат напорите за ефикасно спречување на корупцијата и судирот на интереси во Република Северна Македонија.

ДКСК смета дека оваа мерка е исклучително значајна за зголемувањето на транспарентноста и отчетноста на секоја институција во борбата против корупцијата.

Информации можете да преземете од нашата веб страна. https://dksk.mk/mk/%d0%b8%d0%bd%d1%84%d0%be%d1%80%d0%bc%d0%b0%d1%86%d0%b8%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d0%b8%d0%b7%d1%80%d0%b5%d1%87%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%b3%d0%bb%d0%be%d0%b1%d0%b8-2024-%d0%b3%d0%be%d0%b4%d0%b8%d0%bd%d0%b0/