Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора

Прославениот српски кошаркар Владе Дивац е опериран, откако доживеа сообраќајната несреќа во четвртокот во Црна Гора, јавија претпладнево српските медиуми.
Дивац бил подложен на операција на колкот откако паднал од мотоцикл во близина на местото Луштица.
Дивац е во стабилна состојба и лекарите не очекуваат какви и да е компликации по извршената операција, јави телевизијата Нова.
Поранешниот југословенски и српски кошаркарски репрезентативец кариерата ја почна во 1983 година во Слога од Краљево, по што настапуваше за белградски Партизан од каде замине во НБА лигата и го носеше дресот на Лос Анџелес Лејкерс, Шарлот и Сакраменто.
Со сениорската репрезентација на Југославија освои вкупно 11 медали, вклучувајќи златни одличја од светските првенства во 1990 и 2002 година, како и од европските првенства во 1989, 1991 и 1995 година.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов директор на ДЗС
-

Келог: Мировниот договор за Украина е „На последните 10 метри“
-

УЈП: Секоја четврта фирма не издава фискални сметки
-

ВМРО-ДПМНЕ најавува промени - СДСМ очекува предвремени избори
-

ВМРО-ДПМНЕ негира дека ќе се градат бегалски кампови, СДСМ тврди дека се подготвува национално предавство
-

Потребно е итна реформа на студиските програми според потребите на пазарот на труд
-

Младиот кадар, најголем дефицит во комуналниот сектор
-

Охрид ќе развива циркуларен туризам
