ДИУ ќе учествува во дијалогот „Жан Моне“

ДУИ активно ќе учествува во „Жан Моне“ дијалогот, ќе ги стави државните интереси пред партиските, што впрочем и го потврди во минатото, порачал координаторот на пратеничката група на Демократската Унија за интеграција (ДУИ) во Собранието Ејуп Алими на денешната средба со Иво Вајгл, европратеник и известител за Република Македонија во Европскиот Парламент.
На средбата Вајгл го информирал Алими дека воспоставувањето на еден нов формат на политички дијалог т.н. Жан Моне на кој ќе учествуваат претставници од сите парламентарни партии, има за цел интензивирање на реформскиот процес во земјата и приближување на Република Македонија кон ЕУ и НАТО.
Покрај за дијалогот „Жан Моне“, двајцата соговорници размениле мислења за политичката состојба, текот на неодамна одржаните локални избори, системските реформи, добрососедските односи, како и членството на земјата во евроатлантските структури.
Притоа Алими истакнал дека резултатите на локалните избори што претставуваат потврда на програмските определби на владејачката коалиција за длабоки реформи, евроатлантска интеграција и еднаквост во општеството.
Тој, како што информираат од собраниската прес-служба, посочил дека по завршување на локалните избори Парламентот се враќа на реформската агенда и уште поактивно ќе се посвети на мерките и активностите што се во насока на отстранување на сите забелешки и пречки за евроинтегративните процеси на Република Македонија.
Вајгл ја изразил подготвеноста за продлабочување на поддршката на политичкиот дијалог во земјата и градењето на консензусот во насока на имплементација на Договорот од Пржино и ургентните реформски приоритети за Република Македонија и како што потенцирал таа доаѓа директно од страна на претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани и еврокомесарот Јоханес Хан.
Ново на Сител
-

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжи со презентација на докази за ДПИ
-

Индустриското производство намалено за 0,3 проценти во првите пет месеци од годинава
-

Бројот на жртви во земјотресите во Венецуела достигна скоро 2.000
-

Во 2025 година 911 бесправно изградени објекти
-

Трамп лани пријави повеќе од 1,4 милијарди долари приход од крипто инвестиции на семејството
-

Нетанјаху нареди целосно уништување на инфраструктурата на Хезболах
-

На скопскиот аеродром промоција на два нови напредни уреди за кабински багаж заедно со две нови автоматизирани ленти
-

Сончево и топло, попладне локална нестабилност со пороен дожд
