Директорот на водостопанство „Кумановско-липковско Поле“ поднесе кривична пријава против поранешни раководни лица во ова претпријатие

Директорот на водостопанство „Кумановско-липковско Поле“, Оливер Илиевски, денеска во СВР Куманово поднесе четврта кривична пријава против три лица, Ф. Ф., С. Ѓ. и С. Л., поранешни раководни лица во ова претпријатие, за злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување, измама во служба, фалсификување службена исправа, проневера во служба, несовесно работење во служба, фалсификување или уништување деловни книги, фалсификување исправа, употреба на исправа со невистинита содржина.
– Овие лица во 2016 година извршиле набавка на 992 метри кубни песок од стовариште и за истиот направиле фиктивни приемници во магацин и фиктивни испратници од магацин со фалсификување потписи на вработени. За потрошениот песок не постојат работни налози ниту градежна книга. Од тука може да се заклучи дека истиот не е донесен во Водостопанство, изјави Илиевски на прес-конференцијата.
Тој го повика извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, нивниот потпретседател, како еден од обвинетите, другите двајца како високи партиски функционери, заедно со медиумите, да покажат каде се вградени овие 992 метри кубни песок, за, како што рече, да не биде реплициран дека поднесува пријава врз основа на изјави од вработени.
– Со овој песок, заедно со огромната количина цемент, што ја набавиле би можело да се избетонираат 6.600 метри квадратни, ваква зграда јас немам сретнато кај месноста викана Менкова колиба, каде што напишале дека е употребен материјалот. Само за превоз на оваа количина песок се потребни 70 камиони кипери и во текот на јули 2016 година, јас немам сретнато таква гужва од камиони во Куманово, вели Илиевски.
Тој најави дека и во иднина ќе презема мерки и постапки за искоренување на, како што рече, корупцијата и криминалот што рече биле практикувани изминативе дванаесет години.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
