Македонија
27. August 2018 - 16:39

Директорот на ЈСП се правда, опозицијата бара одговорност за спорните тендери

Потребата од итна набавка на нови електронски картички била главна причина што ЈСП Скопје не распишале тендер, и постапката за договорот вреден 78 илјади евра се водела со преговарање во кое учествувале три понудувачи. Директорот Чушков информираше дека во првите три месеци од годината биле продадени 20000 картички повеќе, во однос на истиот период минатата година.

Во тек е подготовка на нов систем за наплата и валидација на билети, поради кој што е склучен договорот за консултатнски услуги вреден 130 илјади евра, за изработка на техничка документација. Од ЈП велат дека дека на овој оглас се јавила само една фирма понудувач и истата била избрана. И оваа фирма е регистрирана на иста адреса како и фирмата која што се договорила за набавка на билетите, но од ЈСП велат дека станува збор за различни постапки.

Директорот на ЈСП да биде разрешен, тендерот поништен, а органите да покренат истрага за сомненијата за криминал од 200.000 евра, барат од ВМРО ДПМНЕ.

Директорот Чушков го повика ВМРО ДПМНЕ на јуавно соочување како за работата на ЈСП Скопје, така и за овие две постапки.