-->
-->
Директорот на ЦИА ги брани состаноците со руските разузнавачи
-->
Директорот на Централната агенција за разузнавање на САД (ЦИА) Мајк Помпео застана во одбрана на практиката за средби со шефовите на руските разузнавачки служби, откако беше објавено дека највисоки разузнавачи на САД минатата недела се сретнале со шефот на руската Надворешна разузнавачка служба Сергеј Наришкин.
Наришкин минатата недела во САД разговараше со директорот на американската Национална разузнавачка служба Ден Коутс и други американски функционери.
- Периодично се среќаваме со нашите руски разузнавачки колеги од иста причина како и нашите претходници - да ја зачуваме безбедноста на Американците, рече Помпео во писмо до лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер.
Тој смета дека нема ништо лошо во таквите состаноци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски
-
Дурмиши: Ќе работат за добра бизнис клима
-
Македонските компании не знаат за ЕУ стандардите
-
Преглед на вестите од светот
-
Производителите на пченица бараат повисоки откупни цени – откупувачите не даваат
-
Тема на денот со Горан Благоев, верски аналитичар и историчар од Софија
-
Коце Трајановски нов директор на Државни патишта, СДСМ критикува
-
Чибишев и поднел пријава на Бесија Иљази зошто незаконски им исплатила 650.000 денари на договорците