Директорот на БЈБ Александар Јанев учесник на второто Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции за земјите од ЈИЕ - СЕПКА
Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев денеска (12.12.) во Белград присуствуваше на второто Генерално собрание на Асоцијацијата на шефовите на полициите на земјите од ЈИЕ – СЕПКА, во рамки со српското претседавање со оваа асоцијација, што инаку се одржува со поддршка од стратешките партнери и организации како ИНТЕРПОЛ, ОБСЕ, Амбасадата на САД во Белград и регионалниот проект EU4FAST.
Директорот Јанев, во своето обраќање на настанот посебно ја апострофираше улогата на македонската полиција во развојот на значајни проблематики идентификувани во рамки на СЕПКА. Притоа тој се осврна пред се околу сузбивањето на трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти, потоа за проценките на безбедносни закани за регионот на СЕПКА 2024, како и околу неопходноста од регионална синергија во борбата против сите облици на криминал вклучувајќи го и сајбер криминалот.
Според Јанев само со заедничка, отворена и интензивна соработка, со намалување на бирократските процедури, може да се пресретнат сите евентуални предизвици што ги продуцираат различните типови на организиран и транснационален криминал. при што практично ќе демонстрираме силна заедничка посветеност за целосно анулирање на овие облици сериозен криминал.
Во рамки на посветеноста на македонската полиција за воспоставување цврсти партнерства во регионот и пошироко, пред се во интерес на градењето на побезбеден регион, односно побезбеден живот на сите граѓани и побезбедна иднина на генерациите коишто доаѓаат, првиот човек на Бирото за јавна безбедност Јанев на маргините од настанот имаше неколку билатерални средби, како со своите колеги од Р. Бугарија и Р. Албанија, така и со Претседателот на ИНТЕРПОЛ, г.Ахмет Насер Ал Раиси и потпреседателот на Интерпол за Африка, г. Мухамед Дкиси, а со цел продолжување на веќе започнатата витална дискусија за зголемување на капацитетите на македонската полиција, со имплементација и употреба на современи дигитални алатки за брза и прецизна детекција на безбедносни ризици за јавната безбедност.
Инаку Генералното собрание на СЕПКА го поздрави министерот за внатрешни работи на Р Србија Ивица Дачиќ, а по завршувањето на настанот формално претседавањето со СЕПКА го презема полицијата на Р.Албанија.
Ново на Сител
-
Историјатот на носењето брачен прстен
-
Австралијци казнети за лажирање рак кај своето дете
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ на 5 мали дечиња од Кичево, татко им починал во сон, мајката ги напуштила
-
Серија земјотреси на Света гора – најсилниот 4,6 степени
-
Македонија денеска ги дознава своите ривали на патот кон Светското првенство во 2026 година
-
Кикбоксот има 6 номинации од вкупно 6 категории за индивидуалниот македонски спорт
-
Дополнителни 6 000 денари за 1 000 килограми откупена оризова арпа и 18 000 денари субвенции за хектар
-
Запленети околу четири тони марихуана во валандовско | ФОТО