Македонија
16. November 2022 - 16:42

Директорот на АНБ во петок ќе даде отчет за Онишченко

Во петок ќе стане јасно зошто Агенијата за национална безбедност дала позитивно мислење украинскиот олигарх Олександар Онишченко да добие македонско државјанство. Иако собраниската комисија за надзор на работата на АНБ ја почна расправата, отсуството на директотрот на Агенцијата Виктор Димовски ја одложи дебатата. Ја известил собраниската комисија дека е на службено партување.  Претседателот пак на Комисијата Њупчо Пренџов реагира дека стана пракса македонските институции лесно да делат државјанства на криминални

На отчетот на Димовски чекаат и од Комисијата за надворешна политика каде токму за него треба да се расправа како предлог тој да стане амабасадор во Франција. Пратеникот Антонио Милошвски вели дека од заклучокот на првата комисија ќе зависи и дали Виктор Димовски ќе го помине собранискиот филтер за амбасадорската позиција.

На седницата закажана за петок на пладне не е исклучена можност Димовски да побара седницата да биде затворена за јавноста поради безбедносни процедури.

Инаку Онишченко добил позитивно мислење од четири македонски институции за да стане македонски државјанин. Во интервју за „Слободен печат“ Онишченко вели дека процедурата за издавање на државјанството ја спровел легално.

„Прво сакам да кажам дека пред Македонија, Германија ми ги даде сите документи и живеам во Германија. Во Македонија бев регистриран во куќа на кошаркар и го знам многу добро него. И државјанството го вадев две години. Многу време поминав во Скопје и целата процедура ја спроведов легално. Со кошаркарот Игор Пенов, на чија адреса е регистриран дека живее, се запознал во хотелот на кошаракарот, вели украинецот.

Во Украина тој е обвинет за корупциски зделки а ставен е и на американската „црна листа“.Македонски државјанин станал како спортист по предлог на Коњичката федерација.