Директорот на АЕК: 4Г има поголемо нејонизирачко зрачење од 5Г

Домашни оператори, заинтересирани странски компании и граѓани до 20 месецов, кога истече рокот, доставиле мислења и забелешки до Aгенцијата за електронски комуникации во врска со планираното издавање одобренија за користење радиофреквенции за 5Г-технологијата, вели Сашо Димитријоски, директор на АЕК.
Согласно НОБП, тендерската постапка се очекува да започне до крајот на 2020. Ќе се сублимираат пристигнатите мислења и заедно со постојната регулатива во Македонија, која е на иста линија со европската, ќе се пропишат условите што ќе бидат наведени како барања, кои операторите што ќе добијат одобренија ќе треба да ги исполнат, вели директорот на АЕК.
На прашањето, кои се неговите аргументи за тоа дека оваа технологија не е штетна по здравјето на граѓаните, поради сомнежите и стравувањата во јавноста, директорот вели:
– Согласно ЗЕК една од надлежностите на АЕК е да го мери нејонизирачкото зрачење од сите предаватели од кои има емисија на електромагнетни бранови, а секако тоа значи и од базните станици од сите постојни технологии: 2Г, 3Г и 4Г. Ова значи дека и со воведување на 5Г тоа ќе остане обврска на АЕК. До овој момент АЕК спроведе мерење на нејонизирачко зрачење на неколку локации од 5Г тест-мрежата на Македонски телеком за која е издадено привремено одобрение до 31.10.2020 за опсегот 3.6-3.7 Mhz. Мерењето е спроведено во сценарио на максимална иззрачена енергија и резултатите покажуваат дека од максимално дозволеното ниво според меѓународната комисија за заштита од нејонизирачко зрачење кумулативното зрачење изнесува 14,9 проценти. Во овој процент зрачењето од 5Г учествува со само 32 проценти за разлика од зрачењето што потекнува од 4Г, кое учествува со 49 проценти.
Бидејќи мерењето е спроведено во најлошо можно сценарио за 5Г за очекување е тоа да учествува со уште помал процент во реални услови. АЕК ќе продолжи и понатаму со континуирани мерења и доколку се констатира надминување на нормите, согласно ЗЕК секако дека АЕК ќе преземе соодветни дејства.
Ново на Сител
-

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола
-

Четири лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно пет пријави во последното деноноќие
-

Малолетничка со породилни болки донесена на Клиниката за гинекологија, мајката е приведена
-

Папата Лав XIV лично ќе ја претстави својата прва енциклика за вештачката интелигенција
-

Жолт метеоаларм во Париз поради топлотниот бран, Велика Британија пред соборување три рекорди
-

До крајот на неделата претпладне сончево, попладне дожд и засилен ветер
-

Шампионска титула за МЗТ Скопје Аеродром
-

Најмалку петмина повредени откако трамвај излета од шини и удри во зграда во Белград
