Дипломатски инцидент на релација Париз-Москва-Женева

Русија вложи официјален протест до Франција поради „опасен маневар“ на еден борбен француски авион, кој се „приближил премногу блиску“ до авионот кој го превезувал претседателот на руската Дума, Сергеј Наришкин на состанокот на Интерпарламентарната унија во Женева.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, ваквите обвинувања веднаш беа отфрлени од страна на Франција, која тврди дека станува збор за швајцарски борбен авион од типот Ф-18.
По инциднетот, што се случил вчера изутрина, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров го повикал на разговор францускиот амбасадор во Москва, Жан-Морис Рипер. Руската дипломатија во таа прилика изразила „длабока загриженост“ поради „опасниот“ инцидент, што според Москва, се случи во францускиот воздушен простор.
- Овој вид на акции ја слабее можноста да се користи Франција како место за мултилатерални средби и преговори, додава руското Министерство за надворешни работи во своето соопштение.
Веднаш потоа, се огласи француското Министерство за надворешни работи, тврдејќи дека авионот не бил француски, туку швајцарски.
-Тоа беше швајцарски авион Ф-18, и немаше никаков француски борбен авион, објасни Кеј Д’Орсеј.
Швајцарија има договор со Франција во однос на воздушната заштита на Женева, со кој и е дозволено на швајцарската воена авијација да ја надлетува француската територија.
Според патници во авионот на претседателот на руската Дума, тие виделе низ прозорците како борбениот авион се приближува до леталото на руската делегација. Капетанот на рускиот авион изјавил дека станува збор за „француски авион“.
Франбцуските медиуми оценуваат дека овој инцидент доволно зборува за затегнатоста која владее во односите меѓу Москва и западните земји.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
