Динамо: АЕК ја користи трагедијата за сопствена промоција

Фудбалскиот клуб Динамо од Загреб уште еднаш денеска ги осуди инцидентите во Атина предизвикани од своите навивачи што резултираа со убиство на еден навивач на домашниот клуб АЕК, но, притоа, истакна дека грчкиот тим со своите настапи бега од одговорност и сака да ја искористи трагедијата за сопствена промоција.
„Динамо повеќе пати јасно, недвосмислено, јавно и жестоко ги осуди инцидентите, кои, за жал, имаа за последица смртен исход. Насилството нема место во цивилизирано општество и секогаш ќе се бориме за вистинските вредности кои ги промовира нашиот клуб, а искрено сакаме да веруваме дека слични погледи споделува и нашиот ривал АЕК“, се наведува во соопштението на клубот од Загреб.
Во судирите меѓу грчки и хрватски навивачи до кои дојде пред натпреварот од третото квалификациско коло во Лигата на шампиони меѓу АЕК и Динамо загина еден навивач на грчкиот клуб, додека осум лица се повредени, од кои тројца посериозно.
Загрепски Динамо во денешното соопштение наведе дека жали поради тоа што „АЕК со своите настапи и однесување бега од одговорност, ги крева тензиите и во официјалните соопштенија користи непримерен, агресивен и подбуцнувачки речник со цел да изврши притисок врз УЕФА“.
Ново на Сител
-

ЦУК: Граѓаните да не патуваат кон тетовско Бањиче поради свлечиште
-

Трамп: „Секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и ако тие нема да бидат тука за нас“
-

Вучиќ најави вонредни избори во октомври, ноември или декември
-

ЦУК: Поради поплави се евакуираат жители на дел од Кичево, одрони на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче
-

Божикната вечер ќе биде дождлива, а на планините ќе паѓа снег
-

Нападната 52-годишна жена во Аеродром
-

Приведен 36-годишник, физички ја нападнал неговата партнерка
-

Снегот предизвика блокади, прекини и застои во сообраќајот во Белгија и Холандија
