Димовски: ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи изборот на новиот јавен обвинител

ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи изборот на нов државен јавен обвинител бидејќи е спротивно на членот 8а од Изборниот законик, најави денеска во Собранието пратеникот Илија Димовски.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, рече тој, своето противење во однос на ова прашање ќе го искажат и на денешната собраниска седница на која, меѓудругите, треба да биде разгледан Предлогот за огласување на именување на Јавен обвинител на Република Македонија.
Димовски информира дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесат три закони по скратена постапка - Закон за зголемување на минимална плата за административците од 5 отсто, Закон за извршување, со кој, како што рече, ќе се намалат превисоките трошоци за извршување кои што ги плаќаат граѓаните на Република Македонија, како и Закон со кој на студентите ќе им бидат доделувани ваучери за компјутери.
- Доколку власта сака конструктивна опозиција има основна одговорност таа да биде конструктивна. Затоа денеска најавувам дека три од нашите тринаесет закони кои што веќе се поднесени во редовна постапка во Собранието на Република Македонија, денеска се веќе поднесени со барање тие да бидат разгледани по скратена постапка, рече тој
Димовски истакна дека доколку СДСМ имаат фер пристап до овие предлози на ВМРО-ДПМНЕ тие исто така ќе бидат фер и конструктивни кон нивните предлози.
- СДСМ предложи три закони по скратена постапка, кажа дека тие закони се од интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „ЗА подобра Македонија“ предлага три закони кои што се исклучиво од интерес на граѓаните. Доколку СДСМ навистина има интерес за граѓаните нема никаква причина да не ги прифати законите кои што денеска по скратена постапка ги предлага ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, рече пратеникот Димовски.
На тој начин, според него, ќе го отфрлат сомнежот дека сите закони кои што сакаат да ги протуркаат набрзина имаат единствено популистичка цел во очи на локалните избори.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Членството во ЕУ треба да е по заслуга, но во нашиот случај тоа не е така
-

Мицкоски: Менталитетот и карактерот на оваа Влада е да ги води битките и да победи
-

Во Тирана судири помеѓу демонстрантите и полицијата
-

Халанд награден од норвешкото Здружение на библиотеки
-

Мицкоски: Стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник
-

Еден од најголемите дата центри во Европа ќе биде изграден во близина на Кожани, во Грција
-

Ристовски на средба со Бузалковски – Два подиуми во Словачка, следува борба за европската вицешампионска титула
-

Книжевен портрет на Атанас Крлевски в петок во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје
