Димовски: Политичарите од албанските партии потврдија дека програмата на СДСМ е само обична лага
Пратеникот Илија Димовски денес на конститутивната седница во Собранието напомена дека документот кој што СДСМ сака да го претстави како програма на идната влада е обична лага, односно после изјавите на албанските политичари, јасно е дека основ за формирање на парламентарно мнозинство е Тиранската платформа која што СДСМ ја прифатиле, а не некаква набрзина напишана програма што треба да служи само за замајување на јавноста.
-Имавме неколку изјави од колеги кои што доаѓаат од БЕСА, од ДУИ, од Алијанса за Албанците, кои што тврдат дека оној лист програма кои што вие го покажувате како програма за влада е само на СДСМ, дека не е тоа заеднички документ и дека не е документот на кој што врз база се формира парламентарното мнозинство, туку дека во документот за парламентарно мнозинство непрескоклив дел е и платформата, декларацијата, резолуцијата, од Тирана, од Скопје, небитен е насловот, содржината е битна, рече Димовски.
Тој ја потенцираше изјавата на Али Ахмети од 2011 година во која што кажува дека Македонците вршеле геноцид врз Албанците во 1945 година и дека тоа за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо, додека СДСМ со прифаќањето на платформата истото го поддржува.
-Во содржината ние видовме дека треба да се осуди геноцидот. Ние вчера видовме во изјава на Али Ахмети дека е насочен во Македонците после 1945 година. Значи има многу содржински работи кои што низ убави зборови не можеме да ги прескокнеме. Не можеме да прескокнеме дека Македонците се геноциден народ. Има изјава од Ахмети во 2011 година каде што тврди дека Македонците вршеле геноцид во 1945 година и тоа денес е дел од платформата кој што е прифатена од СДСМ, додаде Димовски.
Ново на Сител
-

ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население
-

Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-

Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-

Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-

Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра
-

Притвореници не се спроведуваат на судења поради недостиг на затворски полицајци
-

Лице кое било под лупа на ДКСК кривично ја гони екс претседателката
-

Меџити и Ѓорѓиевски не очекуваат хаос со изборните листи – Зелен Хуман град собира потписи за нова партија
