Димовски поднесе предлог за пополнување на Антикорупциска
Пратеникот Илија Димовски, од ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието, како претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата доставил Предлог одлука за огласување именување на членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.
- Собранието на Република Македонија на 19 март 2018 година разреши пет од седум члена на Државната комисија за спречување на корупцијата, поради што сметам дека е потребно согласно Законот за спречување на корупцијата да се распише оглас за именување на нови пет членови на оваа комисија. Во овој момент државата нема функционална комисија за спречување на корупцијата. Политичката најава за можно одржување на предвремени парламентарни избори наметнува потреба да се комплетира составот на Државната комисија за спречување на корупцијата, заради нејзината надлежност и опфат на задачи поврзани со спроведувањето на изборите, а во согласност со законите, се наведува во соопштението потпишано од Димовски.
Одржување на избори без функционален состав кој ќе може да одлучува и постапува во време после распишување на избори и во време на изборна кампања, според него, може да значи комплетно беззаконско дејствување на партиите и државните и јавни институции.
- Ќе нема институција која ќе може да се спротивстави на евентуалните злоупотреби на државните, локалните и јавните институции во полза на партиите, смета тој.
Покрај можноста од одржување на предвремени парламентарни избори треба да се има и предвид и, како што посочува, неизвесноста од донесување на нов Закон за спречување на корупција која трае подолг период. Потсетува дека Антикорупциска е надлежна да ги применува мерките и активностите за спречување на корупцијата во вршењето за власта, јавните овластувања, службената должност и политиката, мерките и активностите за спречување на судирот на интереси, мерките и активностите за спречување на корупцијата при вршењето на работи од јавен интерес на правните лица сврзани со остварувањето на јавни овластувања како и мерките и активностите за спречување на корупцијата во трговските друштва.
Во предлог-одлуката доставена до Парламентот се предлагаат и условите за тоа кој може да биде член на Антикорупциска: да е државјанин и да има постојано место на живеење во Република Македонија и да има високо образование од областа на правните и финансиските работи и антикорупцијата, да ужива углед во вршењето на функцијата и најмалку осум години работно искуство.
Ново на Сител
-
Од утре претежно облачно со врнежи од дожд и снег
-
Русија врати седум украински деца со посредство на Катар
-
Ем земале социјална помош ем воделе луксузен живот, брачен пар од Штип организирал интернет коцкање
-
Криминална организација во Грција преку телефонски измами се стекнала со речиси три милиони евра
-
Пронајдени пушки и муниција во Десово
-
22-годишна девојка прегазена вчера во Скопје
-
Во делови од Сеул паднаа над 40 сантиметри снег, откажани повеќе од 140 летови
-
Операција „Адмирал“: Разоткриена измама со ДДВ од 2,9 милијарди евра