Димовски: Најдобро решение за државата е експертска Влада
Поранешниот претеник Илија Димовски во своето гостување во Дневникот на Сител изјави дека најдоброто решение за државата е експертска Влада.
- Во ваков период во кој што се наоѓаме како држава и со толку слаб капацитет на управување кој што секојдневно го гледаме, мислам дека најдобро решение би било државата сериозно да размисли да се движи кон експертска Влада, која што би била составена најмалку од политичари, рече Димовски.
Димовски додаде дека идејата на Заев била некаква широка Влада, и во овој момент и во следниот период ВМРО-ДПМНЕ не би прифатила да биде дел од Влада во која што Зоран Заев би бил премиер.
- Гледаме дека нас системот не ни е функционален. Немаме образовен систем, немаме здравствен систем, нема министерство во коешто нема скандал, за култура да не зборуваме тоа би било премногу. Нема министер без афера. И значи нас ни треба рекомпонирање на извршниот сегмент од власта и сконцентрирање исклучиво на две сериозни теми, а тоа е здравствената криза бидејќи рушиме рекорди и за нас самите и во регионот, и Европа, и тука е и економската состојба која што благодарение на комплицираната здравствена криза се уште ние не ја гледаме. Денеска имаме податок дека индустриското производство ни е паднато за 12%, мислам дека се уште не сме свесни кон што може да отидеме во таа смисла, рече Димовски.
Димовски посочи и дека опозицијата стои цврсто на своите ставови дека сегашната Влада треба да падне.
Ново на Сител
-

Предизвикот „24ч Адреналин“ ќе ги поврзе воздухот, земјата и водата во еднодневна авантура низ Македонија
-

Еден загинат, 16 повредени во инцидент на Парадата на гордоста во Берлин
-

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежните активности на клучката „Момин Поток“
-

Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес
-

Сончево и ветровито
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
