Димовски: Господине Заев поради вас плаќаме 6.4 денари поскапо за секој литар гориво
Со административни одлуки ја зголемивте цената на горивото за 6.4 денари, обвини денеска пратеникот Илија Димовски поставувајќи пратеничко прашање. Димовски обвини дека на покачувањето на цените не влијаеле цените на светските берзи туку само одлуките на владата на СДСМ. Според Димовски 3.5 денари е покачувањето на акцизата додека за вкупно 3 денари се зголемиле маржите за малопродажбата, големопродажбата и за транспортот " Господине Заев, граѓаните плаќаат 6.4 денари повеќе за литар гориво и на тоа не влијаат ниту цените на светските берзи ниту курсот на доларот. Влијаат само вашите одлуки. На 20 литри гориво граѓаните си ја плаќаат радиодифузната такса која нели ја укинавте" рече Димовски додавајќи дека без овие одлуки сега литар дизел ќе чинеше околу 57,5 денари. Заев одговори дека и со ова покачување Македонците се уште плаќаат најевтино гориво додавајќи дека маржата не е зголемена туку намалена.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Милошевски: РФМ ќе поднесе жалба за судењето
-
Холандија ја совлада Македонската репрезентација во Вараждин
-
Средба на Владата и Синдикатот по враќањето на премиерот од САД
-
Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат разменети за 3 жени заложници
-
Врховниот суд во САД потврди закон за забрана за ТикТок
-
Во Куманово ограбена бурекчилница
-
Политико: ТикТок ќе обезбеди 50.000 долари за инаугурациската забава за Трамп
-
Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен