-->
-->
Димовски до СДСМ: Не може да правите што сакате, ова е Собрание и редот мора да се почитува
-->
Јас сум претседател на Комисија за прашања на избор и именување во чија надлежност се овие точки. Не дека немаат право колегите координатори пратеници да објавуваат оглас. Имаат, но редот на нештата значи, барем да не информираат дека ќе ги поднесат точките за да бидам во тек, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на денешната собраниска седница.Димовски додаде дека дневниот ред го виделе пред 5 минути кога почнала седницата и дека не е во ред координаторот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да не биде известен што точно ќе се дискутира на седницата.
-Во најмала рака недостасува нормална комуникација за што се надлежни луѓето кои го раководат ова Собрание, Џафери и координаторите на владејачкото мнозинство, пратениците Митревски и Ејуп. Ниту јас сум информиран како некој одговорен на надлежно работно тело, ниту Мицевски е информиран дека се планира на денешната седница да се ставаат овие точки. Реагирам не дека не треба да се стават. Реагирам дека ова е уште еден симптом дека малце се залетува работата, истакна Димовски.
Тој потенцираше дека мора да се почитува редот на Собранието, нагласувајќи дека владејачкото мнозинство мора да се консултира со опозицијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
-

Тема на денот со Саша Богдановиќ, претседател на Српска демократска лига
-

Мицкоски од Црна Гора: Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но поради вештачки причини не ги почнавме преговорите
-

Евроамбасадорот Рокас очекува заедничка иднина со ЕУ и инвестиции во одбраната
-

По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе се суди во отсуство
