Македонија
27. February 2017 - 11:15

Димовски до Хан: Ако дадовте поддршка за 67 пратеници за редефинирање на државата, што ќе се изјасните сега за влада поддржана од 100 пратеници, но без мандат за пропаст на земјата

 
Господине Хан, пред само десет дена во Скопје јавно кажавте дека нема да се мешате, а сега објавувате на твитер дека Претседателот Иванов треба да го даде мандатот на овој или оној…, пишува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на својот ФБ профил.
 
Дали тоа не е мешање? Кога веќе решивте на Претседателот на Република Македонија, избран од граѓаните, да му кажувате што да прави околу мандатот, добро е и да кажете што мислите за предлогот наместо 67, идната Влада да има поддршка од 100, но без редефинирање на државата, без двојазичност на целата територија, без бинационалност, а со зачувување на унитарноста, името и македонскиот идентитет? Велевте дека треба поширока поддршка на Владата, еве ја. Ако еднаш го прекршивте ветувањето дека нема да се мешате, повелете и втор пат, одговорете, пишува Димовски.