Димовски: 14.000.000 евра потрошени за коцкарници, најголемата инвестиција на СДСМ

„Државна компанија за само 20 месеци распишала два тендери и склучила договори за набавка на коцкарски апарати во вредност од 14.000.000 евра. Првата набавка е направена на 16.04.2018 година и е во висина од 7.422.200 евра. Втората набавка е направена пред нецел месец, на 02.01.2020 година и е во вредност од 6.548.500 евра. Коцкањето стана главна занимација на оваа Влада. Откако Владата на СДСМ ги искоцка државните и национални интереси, сега се удрија на набавка на машини за коцкање бидејќи очигледно за други работи не се способни. Државната видеолотарија, која е фирма со доминантен државен капитал со пари на граѓаните на оваа земја на неполни две години потрошила 14 милиони евра за набавка на машини за коцкање. Оваа компанија ја раководат партиски кадри на СДСМ и НСДП. Некој за ова трошење на пари за набавка на коцкарси апарати донел политичка одлука. Два тендери ги добива една иста компанија, што дополнително фрла сенка и сомнеж за начинот и целта на трошењето на овие пари за коцкарски апарати. Ние немаме дилема дали треба да постои ваква компанија, но сме против трошењето на толку големи средства, без обзир кон реалните приоритети на граѓаните. Додекан за заштита од аерозагадувањето не убедуваат дека државата нема доволно ресурси и средства за да се справи, 14 милиони евра се даваат за коцкање. Државата, која што е должна да помага на своите социјално загрозени граѓани, таа набавува коцкарски машини за 14 милиони евра, па треба да се молиме на хуманоста на овој народ кој што несебично се мобилизира кога се појавуваат семејства кои што живеат во нечовечки услови и се борат за живот. За споредба, сакам да потсетам дека пред почетокот на новата година се донесе Буџетот за 2020 година, а доколку оваа Влада работеше домаќински и на рационален начин ги користеше парите на граѓаните и доколку овие 14 милиони евра не беа потрошени за коцкарски машини немаше да има кратење на пари во многу суштински делови и сфери во Буџетот. Доколку не се набавеа коцкарски машини ќе имаше повеќе пари за основното образование од кое се скрати, ќе имаше повеќед пари за високото образованиена кое му беа скратени 4 милиони евра, ќе имаше пари за реновирање на студентските домови, ќе имаше повеќе пари за ученички и студентски стандард од кои се скрати, а не да им бидат двојно намалени средствата, а ќе имаше и повеќе пари за науката која што исто така доби помалку пари за 2020 година. Сега се гледа кои се приоритетите на СДСМ. Според нивното однесување развојот на образованието, науката, културата, капиталните инвестиции не се од приоритетно значење додека 14 милиони евра за коцкарски машини се стратешка инвестиција. Набавката на коцкарски машини за 14.000.000 евра е најголема инвестиција на СДСМ. Тоа е пораката што ја испраќа оваа Влада на чело со СДСМ до граѓаните. Не трошете време на образование, дишете загаден воздух и одете да се коцкате“ - изјави Илија Димовски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

„Секоја капка за Преспа” со проф. Петре Ламески, декан на ФИНКИ | Неформално | Sitel Podcast 146
-

Ангелов: Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната власт што траеле со години
-

Поради ерупцијата на Етна затворен аеродромот во Катанија: Најдолг прекин на авиосообраќајот на Сицилија од 2002 година
-

Во вторник терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје
-

Санкционирани 72 возачи на лесни електрични возила низ државата
-

За една недела 1.576 прекршоци за брзо возење
-

Водата од водоводниот систем во Гостивар е безбедна за пиење
-

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети, завршува дистрибуцијата на учебниците во училиштата
