Димковски: Нема „африканска свинска чума“ во земјава
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски денеска соопшти дека во нашата земја, во моментов, нема „африканската свинска чума“, но се спроведуваат превентивни мерки.
– Во комуникација сме со Ловечката федерација, со инспекторите од АХВ, а утрово со директорот на АХВ Зоран Атанасов имавме состанок на оваа тема. Тие имаат обезбедено доволен број маркици бидејќи ова е состојба во која и застреланите диви свињи ќе треба да се обележат затоа што се земаат анализи за да се види каква е состојбата и да се следи, рече Димковски, одговарајќи на новинарско прашање.
Димковски информира дека вчера разговарале со еден од директорите на ЈП „Национални шуми“ за ловиштата што немаат концесионер или онаму каде е одземено концесионерството, од некои причини.
– Тие концесионерски ловишта се додадени на управување на „Национални шуми“, така ловните дозволи ќе бидат издавани и од страна на „Национални шуми“, рече Димковски во МЗШВ.
Министерот Димковски потсети на мерките што веќе се спроведуваат, како засилени контролите на граничните премини, не смее да се внесуваат преработки од месо и сувомеснати производи што содржат месо од свињи. Доколку се најдат, овие производи се одземаат и се уништуваат на депонијата „Дрисла“.
Информира дека веќе разговараат со АХВ за да се внимава особено на паркинзите.
– Во летниот период има туристи, кои ќе застанат на паркинг, можат да користат вакви намирници и потоа ги оставаат во контејнер. Се работи на една таква организација. Правиме се, земајќи ги искуствата од државите каде веќе се појавила болеста, рече Димковски, додавајќи дека сите институции се алармирани и желбата и намерата е оваа болест да не се појави кај нас.
Министерот за земјоделство соопшти дека не очекува драстично зголемување на цената на свежо свинското месо, туку можно е меѓу потрошувачите помалку да се користи овој вид месо. Изрази уверување дека е безбедно свинското месо во нашата држава.
Ново на Сител
-
ЦУК: Од вкупно 22 пожари на отворен простор се уште активни се пет
-
Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија
-
Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути
-
Тошковски: Постапуваме за дивоградбите, имаме наредба од ЈО, резултати наскоро ќе бидат видливи
-
Обвинителството поднело жалба за мерката куќен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл што прегази маж на Кеј и избега
-
Бајач oд скопско наплатил 400.000 евра на брачен пар за да растури „зла магија“ направена на нивниот син | ФОТО
-
Националната мрежа на земјоделци смета дека откупната цена на лебното зрно од 12 денари е ниска
-
ЦУК: Осум пожари на отворен простор, четири се активни