Димковски – Левин: Заеднички ќе се работи на зголемување на трговската размена
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски денеска оствари средба со заменик-министерот за земјоделство на Руската Федерација, Сергеј Левин во Москва, на која се согласија да ја продолжат соработката меѓу македонската Агенција за храна и ветеринарство и Фитосанитарните служби со Руската федерална служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор – Росселхознадзор.
На средбата, како што соопштува МЗШВ, рускиот заменик-министер Левин истакнал дека очекува во следниот период извозот на руски производи во Република Северна Македонија да се зголеми, што во моментов изнесува околу 1 милион долари годишно.
Министерот Димковски истакнал дека ќе ја продолжи поддршката на саемите „Продекспо“ и „Мир Питание“, како и на Македонскиот дом во Москва.
-Димковски го информираше заменик-министерот Левин дека на почетокот на месецов, од страна на македонската Агенција за храна и ветеринарство до руската Росселхознадзор, е упатено барање за отпочнување постапка за одобрување и ставање на листата на објекти и оператори за извоз на млечни производи во Руската Федерација и посочи дека е потребно да се забрза процедурата затоа што постои интерес од бизнисмените од двете држави, соопштува МЗШВ.
Димковски изразил благодарност за веќе одобрените извозни дозволи за три фирми кои произведуваат млеко и млечни производи и за една компанија од месната индустрија, што започнаа со извоз на рускиот пазар.
Заменик-министерот Левин, како што се наведува во соопштението, ја потенцирал важноста за почитување на фитосанитарните и ветеринарните стандарди при извоз на рускиот пазар и усогласување на потребната документација со повисок степен на заштита на сертификатите за извоз.
-Димковски го информираше Левин, дека од македонската страна се започнати подготвителните активности со сите вклучени институции во државата, за одржување на деветта седница на Меѓувладината комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка, која што ќе се одржи следниот месец во Охрид, информира МЗШВ.
Министерот Димковски во организација на Македонско-руската стопанска комора, ја посетил Трговско индустриската комора на Руската Федерација во Москва и имал работен состанок со заменик-претседателот на комората, Владимир Падалко, со којшто се согласиле дека е потребен поголем ангажман од двете страни за зголемување на трговската размена во земјоделството што и сега доминира во македонскиот извоз во Русија.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228