Димковски и Бабовски во посета на село Гермијан
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, денеска беа во посета на селото Гермијан, каде се запознаа со производство на пченица од овогодинешната реколта.
– Годинава според последните податоци вкупно се ожнеани 67.833 хектари или 92 отсто од вкупната жетвена површина која изнесува 73.479 хектари. Сето слободно земјоделско земјиште го ставаме на располагање на вистинскиот земјоделец, изјави министерот Димковски.
Како што се посочува во соопштението на МЗШВ, земјоделецот од село Гермијан, Владо Атанасовски, е позитивен пример за тоа, како со употреба на семенски материјал и со квалитетна прихрана може да се постигнат одлични резултати. Годинава на неговите ниви, кои се со квалитет од седма класа, добил просечен род од седум тони по хектар.
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски изјави дека Агенцијата досега успеала да ги исплати сите основни мерки за субвенции од програмата за 2018 година и оти веќе се подготвува за исплата и на дополнителните мерки.
– До овој момент (Агенцијата) има исплатено 300 милиони евра средства преку мерките што ги спроведува, а тука спаѓаат и заостанатите субвенции од изминатите години од 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016, рече Бабовски.
Димковски потсети дека до денеска се поделени 34.000 персонализирани картички, со сума од 88 милиони денари, а до крајот на месец август се очекува бројката да достигне до 55.000 картички со што кај земјоделците се враќаат вкупно 200 милиони денари.
Ново на Сител
-

Тошковски: Жената треба да се чувствува најбезбедно во својот дом, со новиот закон се предвидуваат и електронски алки за насилниците
-

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
-

Трамп: На САД не им треба договор со Иран
-

Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
-

Криминална организација во Солун шверцувала над 17 милиони цигари и незаконски се стекнала со 1,36 милиони евра
-

По аферата со кинеска шпионка, оставка на извршниот директор на „Енвидија“
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“

