Димитровска: По верификација на мандатот именуваните и избраните лица треба да се откажат од сите претходни функции
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата и судир на интереси Татјана Димитровска вечерва изјави дека по верификација на мандатот именуваните и избраните лица треба да се откажат од сите претходни функции.
Во Тема на денот на Сител телевизија прашана дали има колизија во законите и дали Талат Џафери, чиј пратенички мандат во Собранието беше верификуван треба да се откаже од функцијата технички премиер, Димитровска рече дека „на таа функција што ја извршува дефакто постои неспоивост“.
- Си има институции како што е Собранието да си ги делегираат овие активности, не кажувам јас дали да се заменици министри или вицепремиери, за тоа си постојат надлежности ...и секако ќе си одлучат надлежните органи, рече претседателката на ДКСК
Димитровска кажа и дека Законот за спречување корупција и судир на интереси предвидува глоба од 300 до 500 евра за лица кои извршуваат неспоиви функции.
- Но повторно ќе кажам дека тоа не е доволно бидејќи на кој начин би ги отстраниле последиците од ваквото постапување. Нашиот закон има слабост во тој дел, не го уредува таквото постапување. Меѓутоа верувам дека именуваните и избраните лица коишто имаат голема одговорна задача, имаат одговорност, спроведуваат санкцинирање на поведување кое е спротивно на закон нема да се доведат во ситуација самите тие да ги прекршуваат тие законски одредби од причина што пред нив стојат големи законски предизвици, рече Димитровска.
ДКСК, додаде таа. веднаш по верификација на мандатите за пратеници укажа итно постапување и почитување на уставните норми и законските одредби кои се однесуваат на неспоивост на највисоки јавни функции.
- Нашето законодавство брои многу закони меѓу кои Уставот, Законот за Собранието, Законот за пратениците и Законот за спречување на корупција и на судир на интереси кои недвосмислено, јасно и конкретно дефинираат неспоивост на функција односно дека претседател на Влада, претседател на Република, пратеници, министри, и градоначалници и други функции на избрани и именувани лица и друга функција е неспоива една со друга, потенцира претседателката на ДКСК.
Извесно е дека Владата ќе биде формирана за две до три недели, рече Димитровски предупредувајќи дека во услови кога е нарушено начелото на функционирање односно се доведува во прашање функционирањето, транспаретноста, и можеби најважното контролата од страна на Собранието врз извршната власт односно министерствата и Владата, постои потенцијален ризик од донесување на одлуки коишто можеби ќе имаат финансиски и други штетни последици за државата а секако и за нас граѓаните.
- Законот е јасен едно лице кое изврпува функција од извршна власт, во конкретниов случај претседател на Влада или министер не може истовремено да извршува и функција од законодавна власт односно пратеник, истакна претседателката на ДКСК.
ДКСК во текот на утрешниот ден ќе го објави електронскиот систем за пријава на имот, најави таа потенцирајќи дека сите актуелни функционери имаат законска обврска да го пријават имотот.
Ново на Сител
-
Галевски: Овој тим на Алкалоид е составен да победува, нашите амбиции се највисоки
-
Канадски министер: Трамп и Карни ќе разговараат наредните денови за царините
-
Утре терестрично прскање против комарци на подрачјето на градот Скопје
-
Зеленски: Разговаравме за подготовки за нов состанок со Русија во Истанбул
-
Македонка повредена во сообраќајка на Алјаска откако со автомобил удриле во лос
-
ЦУК: Во пожарот кај тетовско Желино ангажирани два „ер трактори“
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција