Димитров за АНА-МПА: Ќе сториме се што можеме за да го решиме прашањето за името со Грција
Скопје ќе стори се што може за да го реши прашањето за името на земјата со Грција, изјавил македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров за грчката државна новинска агенција АНА МПА по завршувањето на дводневниот втор министерски состанокот на Грција, Албанија, Бугарија и Македонија во Солун.
Како што јави агенцијата, одговарајќи на прашањето дали може да види решение за проблемот во блиска иднина, Димитров рекол:
- Денеска сакам да останам на „големата слика“. Со цел да го решиме прашањето за името - и ние се разбира ќе направиме најдобро што можеме за да го решиме - важно е да се создаде позитивна рамка и да излеземе од браздите на историјата, бидејќи не можеме да ја промениме нашата историја, но можеме да влијаеме на нашата иднина, и оваа иднина ќе биде и заедничка и европска. Важно е да се инвестира во оваа насока. Ако постои национален интерес заеднички за сите земји, вклучувајќи ги и нашите, тоа е како да се направи најдобро за иднината на нашите граѓани. Ние сме на вистинскиот пат.
Шефот на македонската дипломатија вчера и завчера во Солун учествуваше на министерска средба со колегите од Грција, Албанија и Бугарија на која се дискутираше генерално за ситуацијата на Балканот, односите меѓу земјите, како на мултилатерлано, така и на билатерално ниво, како и за многу аспекти од соработкта меѓу нив.
Ново на Сител
-
Пет повредени денеска се враќаат од странство, четворица пациенти и натаму се критични
-
Беќаровски: Како да се намалат последиците при труење со јаглерод моноксид
-
Општина Охрид одвојува 1 милион денари помош за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани
-
Трагедијата во Кочани ја отвори „пандорината кутија“ за индивидуалната, но и колективната одговорност
-
Заглавени возила кај Галичица
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП