-->
-->
Димитров во Њујорк учествуваше на две панел дискусии – за климатски промени и за мултиконцептуален свет
-->
„Засилување на европската лидерска улога на глобално ниво во сферата климатските промени и растот на еколошки чистата економија“ е темата на панел дискусијата, која се одржа во организација на Светскиот економски форум во Њујорк, а на која учествуваше и шефот на дипломатијата Никола Димитров.
На настанот на високо ниво беа разменети мислења за потребата од координирано делување за ефективно справување со новите еко-предизвици.
Учесниците во дискусијата се осврнаа на новите глобални закани и ризици по (човековата) безбедност и потребата од заедничка европска акција во насока на обезбедување транспортна инфраструктура без штетни емисии, обновлива енергија и иновативни технологии, паралелно со процесите на креирање на нови работни места и европското преминување кон иднина со нула штетни емисии.
Сесијата ја отвори холандскиот премиер Марк Руте, а во дебатата учествуваа претседатели на држави и влади, министри од земји-членки на ЕУ, како и високи претставници на разни засегнати страни.
На покана на Светскиот економски форум и истражувачкиот институт Брукингс, министерот Димитров учествуваше на тематскиот настан “Обликување на партнерства за мулти-концептуален свет.”
Состојбата во Иран беше во фокусот на дискусијата, а на настанот присуствуваа група глобални лидери од јавниот и граѓанскиот сектор, истражувачките институти и бизнис заедницата.
Министерот Димитров, кој учествува на Генералната дебата на 74-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, на панел-дискусијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Колони возила на бензинските станици
-

Тема на денот со Тони Менкиновски, адвокат
-

ВМРО-ДПМНЕ со слики го потсети Филипче дека лажеше за мигрантите, СДСМ тврди дека мигрантите доаѓаат
-

Почна со работа меѓупартиската група за Изборен законик
-

Невладиниот сектор алармира: Имаме политики за заштита на жените, но не се имплементираат
-

83 години од депортацијата на штипските евреи
-

Од полноќ дизелот поскап за 14,5 денари, гужва на бензинските
-

Со интервенции на пазарот регионот се бори против нафтената криза
