Димитров се сретна со претставници на Фондацијата „Конрад Аденауер“
Интеграцијата на Западен Балкан во Заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП) на Европската унија и учеството на Македонија во таа област, биле во фокусот на дискусиите на денешната средба на министерот за надворешни работи Никола Димитров со делегација на претставници на Фондацијата „Конрад Аденауер“, која е во посета на Македонија.
Министерството за надворешни работи соопшти дека Димитров ја истакнал важноста на интеграцијата и придонесот на Балканот во ЗНБП на ЕУ, како клучно прашање во заедничката борба против денешните безбедносни закани и поддршката на позициите на Унијата во нејзината надворешна политика.
Шефот на македонската дипломатија ги информирал присутните и за активното учество на Македонија во оваа област, пред се, со придружувањето на државава кон декларациите на ЕУ во однос на различни меѓународни прашања, како и со учеството во мисиите предводени од ЕУ во рамки на нејзината Заедничка безбедносна и одбранбена политика (ЗБОП).
- Кон декларациите и ставовите на ЕУ не се придружуваме само затоа што имаме европски аспирации. Пред сè, тоа го правиме затоа што веруваме во европските вредности, во мултилатерализмот и во меѓународниот правен поредок и цивилизациските достигнувања. Во време кога меѓународниот систем се соочува со предизвици, наша должност е да имаме јасен став, навел Димитров.
Делегацијата од Фондацијата „Конрад Аденауер“ престојува во Скопје како организатор на Регионалната конференција за Југоисточна Европа/Западен Балкан „Balkan Calling Europe”.
Ново на Сител
-
Кривична против 59-годишен професор од Кочани, нападнал ученик со метален предмет
-
Уапсен 28-годишник од светиниколско, се обидел да изврши обљуба врз 18-годишна девојка
-
Измамена 79-годишна жена од Скопје за златен накит и сума од 216.949 денари
-
Кривична за 28-годишен Стружанец, со посебен уред ги намалувал потрошените киловати струја во угостителски објект
-
Симулациска вежба на македонската и грчката полиција за прекугранична контролирана испорака
-
Раководството на Милан разочарано од Ернандез
-
Астон Мартин ниту демантира ниту потврдува за интересот на тимот за Верстапен
-
Сингер: Беше потребно време да се убеди Синер да ја прифати суспензијата од ВАДА