Димитров: Прашање на денови е кога ќе го потпишеме Пристапниот протокол за НАТО
Прашање на денови е кога Македонија ќе го потпише Пристапниот протокол со 29-те земји членки во седиштето на НАТО во Брисел, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров.
-Уште немаме прецизен датум, не знаеме точно кој ден, но може да очекуваме тоа да се случи идната седмица. Потоа, веднаш процесот повторно се враќа во Парламентот во Атина и исто така ќе биде тоа прашање на неколку денови, со тоа практично ставаме точка на една цела ера. Со тоа завршува спорот, меѓутоа влегуваат во сила и Преспанскиот договор и амандманите на Уставот. И тоа создава од една страна големи шанси и го отвара патот, од друга страна многу административни обврски на кои мора да работиме, рече Димитров на новинарско прашање пред денешната дебата организирана од Институтот за демократија Социетас Цивилис за европските перспективи на земјата за време на романското претседателство со ЕУ.
Тој појасни дека Македонија го добива столчето во НАТО веднаш штом се одобри пристапниот протокол, кој значи изменување на Вашингтонскиот договор.
-Веднаш штом се одобри Пристапниот протокол ние добиваме столче. Седиме до генералниот секретар кога е состанокот на Северноатлантскиот совет сочинет од амбасадори на 29-те земјите-членки. На министерско ниво привилегијата ќе ја има вицепремиерот и министер за одбрана Шекеринска во февруари кога ќе биде министерскиот состанок, а на ниво на МНР во април во Вашингтон, рече министерот Димитров.
Ново на Сител
-
Кражба во црквата “Св. Спас” во Сопиште, приведени двајца скопјани
-
САД повеќе не препорачуваат вакцини против Ковид-19 за бремени жени и здрави деца
-
Меџити: Таравари и Ахмети предвиделе се, но не и дека ќе го исфрлиме од ВЛЕН и од Владата
-
Критичарите на Ердоган се сомневаат во неговите намери за нов устав на Турција
-
САД ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Венецуела
-
Најмалку петмина загинати во големата експлозија во хемиска фабрика во источна Кина
-
Oбвинителен акт против десет лица за продажба на кокаин и марихуана
-
Митева: За првпат во историјата научните бази Web of Science и Scopus стануваат бесплатни